Франција го поздрави враќањето на запленетите украински бродoви
„Гестот придонесува за зајакнување на довербата во дијалогот меѓу Русија и Украина“, објави француското претседателство денеска по телефонскиот разговор помеѓу францускиот претседател Емануел Макрон и рускиот претседател Владимир Путин.
Русија претходно денеска ги предаде бродовите на Украина. Во објавата се додава дека двајцата водачи разговарале за „подготовките“ за самитот на 9 декември во Париз меѓу украинскиот и рускиот претседател Володимир Зеленски и Путин. На состанокот ќе присуствуваат и Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел. Самитот во Париз ќе биде прва средба меѓу Путин и Зеленски, кој беше избран за претседател на Украина во април.