Димитров-Линде: Северна Македонија да се задржи на реформите
Денеска во посета на земјава, престојуваше министерката за надворешни работи на Кралството Шведска, Ан Линде.
По средбата со својот колега и домаќин, министерот за надворешни работи Никола Димитров, таа рече дека била запознаена со реформската агенда на земјава и дека разговарале за заедничката европска иднина.
"Клучно е Северна Македонија да се задржи на интензивните реформи. Шведска го поздравува значајниот напредок што земјата го постигна во реформата во судството и борбата против корупцијата, како и реформата на разузнавачкиот сектор" изјави Ан Линде на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи Никола Димитров.
Димитров рече дека "ова е посета на охрабрување, која доаѓа по недонесувањето на одлука за почеток на преговори и префрлување на прашањето пред пролетниот самит идната година во Загреб од страна на ЕУ.