Македонски војник се обидел да силува колешка
Вработена во Армијата поднела кривична пријава против колега од касарна поради обид за силување, соопштија од полицијата. Министерството за одбрана во писмена реакција вели дека сексуалното вознемирување во Армијата е апсолутно недозволиво. Случајот се испитува и доколку се докаже, Министерството ќе има нулта толеранција, се вели во реакцијата на Министерството за одбрана.,
„Министерството за одбрана најстрого осудува секаков обид за сексуално вознемирување. Никој не смее да помисли да ги вознемирува припадничките на Армијата и да го намалува угледот на Армијата, се вели во реакцијата од Министерството.
Од полицијата информираат дека за ова е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.