Приведена дадилката што тепа двегодишно дете
На социјалните медиуми се појави видео на кое се гледа како жена тепа мало дете во детска игротека во Скопје. Сопственикот на игротеката во изјава за медиуми посочи дека случајот го пријавил во полиција. Дадиката е приведена, засега е во полициска станица и за случајот е известен јавен обвинител, велат за Радио Слободна Европа од МВР. „
„Утврдено е дека станува збор за егувателка која била ангажирана да го чува детето“, велат од полицијата.
Во судот велат дека не се точни информациите во медиумите дека веќе и е одредена мерка притвор, затоа што се уште овој случај не стигнал ни до судија од претходна постапка.
Дел од медиумите јавуваат дека по објавувањето на снимката дека мајката во присуство на инспектори за насилен криминал го однела детето на преглед. Детето е двегодишно а жената заедно со него чувала уште две други деца.