Акар: Рускиот систем С-400 во Турција ќе функционира автономно
Рускиот ракетен систем земја–воздух С-400 во Турција ќе функционира автономно, изјави турскиот министер за одбрана Хулуси Акар во интервју за катарскиот телевизиски канал Ал Џезира.
Тој додаде дека С-400 е многу важен механизам за обезбедување на одбраната и безбедноста на Турција. Акар повторно ги предупреди западните партнери дека Анкара „го задржува правото да ги проучува алтернативните можности“ ако САД одбијат да и испорачаат на Турција воени авиони од петтата генерација Ф-35.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на 19 ноември изјави дека му пренел на американскиот колега Доналд Трамп оти Анкара нема да се откаже од рускиот систем С-400.