Влада - Настанот во МНТ на кој имало недолично однесување не е во организација на државна институција
Владата не беше организатор на настанот во МНТ на кој имало недолично однесување, соопштуваат од владината прес-служба. Во соопштението се бара организаторот да преземе одговорност и да ја надомести штетата. Од Владата информираат дека настанот во МНТ на кој се случило несоодветно однесување на навивачка група не е во организација на ниту една државна институција и не смее никако да се поврзува со владиниот настан за одбележување на Денот на албанската азбука, кој поминал во најдобар можен ред.
„Владата го оценува несоодвеното однесување како злоупотреба на гостопримството во Македонскиот народен театар, и истото најостро го осудува.“
Премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање претходно рече дека не е официјално информиран за инцидентот во МНТ, но го нарече вандалски и бара надомест на штета.
Од Министерството за култура рекао дека во МНТ биле најавени два настани, но не било најавено дека ќе има навивачка група.