Британија не сака да го стопира формирањето на нова ЕК
Британија не сака да го стопира формирањето на нова Европска Комисија, изјави портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон. Тој го повтори ставот дека Лондон нема да номинира нов комесар додека траат изборите во земјата.
Тој вели дека нивната позиција повеќепати ја кажале, а испратиле и писмо до ЕУ, дека Велика Британија нема намера или посакува да ја запре процедурата за формирање на ЕК.
ЕУ неколкупати бараше Велика Британија да предложи свој кандидат за комесар во новиот состав на Европската Kомисија и покрај плановите на Британија да ја напушти Унијата.
Европската унија сака да се формира новиот состав на Комисијата и таа да почне да работи од 1 декември.
Според законите на ЕУ, Британија е должна да предложи комесар.