Одложено судењето за ТНТ, поради болест на обвинета
Одложено е судењето за случајот ТНТ, за уривањето на комплексот Космос на инвеститорот Фијат Цановски. Рочиштето се одложи за 28 ноември, поради нарушена здравствена состојба на една од обвинетите во случајот, Александра Аврамовска-Димитриевска.
На денешното рочиште требаше да бидат сослушани сведоци.
За делото, обвинети се поранешниот министер Миле Јанакиески, тогашниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски и други луѓе, додека во отсуство му се суди на поранешниот премиер Никола Груевски.