Холандија се приклучува на француската мисија во Персискиот залив
Франција се залага за европска алтернатива во Ормутскиот теснец, откако ја исклучи можноста да се приклучи на коалицијата предводена од САД за заштита на нафтени танкери и товарни бродови од какви било потенцијални закани од Иран.
Францускиот министер за одбрана Флоренс Пали минатата недела изјави дека француската поморска база во Абу Даби ќе биде главниот центар за европската мисија. Коалицијата предводена од САД отвори посебен команден центар во Бахреин.