Саудиска Арабија една година ќе претседава со Г20
Саудиска Арабија го презема претседавањето со Г20 од Јапонија соопштувајќи дека ќе се фокусира на жените и младите и на зачувување на планетата, како и на споделување на придобивките од технолошките достигнувања. Самитот на Г20 е закажан за 21 и 22 ноември наредната година во Ријад.
Саудиска Арабија која е сојузник на САД се соочи со големи критики околу убиството на новинарот Џамал Кашоги. Американските разузнавачки служби заклучија дека принцот Мохамед бин Салман го наредил убиството. Амнести Интернешнел ги повика земјите членки на Г20 да извршат притисок врз Саудиска Арабија да престане со сериозното кршење на човековите права во земјата.