Гутереш повика светот да ја запре „војната против природата“
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш во пресрет на двонеделниот глобален самит во Мадрид изјави дека светот мора да ја запре „војната против природата“ и да најде повеќе политичка волја за борба против климатските промени.
„Едноставно мора да престанеме да копаме и дупчиме и да ги искористиме огромните можности што ги нудат обновливите извори на енергија и решенија засновани на природата. Намалување на емисиите на стакленички гасови - најмногу од горење на фосилни горива со јаглерод - за коишто досега е постигната согласност, според Парискиот договор, не се доволни за да се ограничи покачувањето на температурата на 1,5 до 2 Целзиусови степени (2,7-3,6 Фаренхајт) на прединдустриски нивоа“, изјави Гутереш.