Ирачкиот Парламент ја прифати оставката на Владата
Ирачкиот Парламент ја прифати оставката на Владата на премиерот Адел Абдел Махди по двомесечните протести на кои загинаа повеќе од 400 луѓе. Сега претседателот на законодавниот дом ќе побара од шефот на државата Бархам Салех да именува нов премиер. Абдел Махди ја најави оставката по немирите. Ајатолахот ал Систани ја осуди употребата на сила против демонстрантите и ги повика законодавците да ја прекинат нивната поддршка за владиниот кабинет.