Регистрација на кандидатите за парламентарните избори во Иран
Започна регистрацијата на кандидатите за парламентарните избори во Иран кои ќе се одржат во февруари, наредната година. Регистрацијата ќе трае до 7 декември, а изборите ќе бидат тест за популарноста на претседателот Хасан Рохани и неговите сојузници по немирите во земјата предизвикани од протестите против покачувањето на цената на бензинот.
Амнести Интернешнел соопшти дека 161 лице загинало во протестите. Изборите ќе се одржат на 21 февруари, а новиот Парламент ќе започне со работа во мај.