Речиси 90 илјади луѓе се откажале од државјанство на БиХ
Речиси 90 илјади граѓани на Босна и Херцеговина се откажале од државјанството, а властите се загрижени дека од година во година примаат се повеќе барања за испис од матични книги на државјани.
Министерството за цивилни работи на БиХ официјално потврди дека 88.123 од нејзините граѓани се откажале од државјанството уште од воените години.
Годинава од своето државјанство се откажале 3.735 лица. Според Министерството, повеќето поранешни граѓани на БиХ станале Германци, Австријци, Словенци, Норвежани, Чеси.
Во процесот на одрекување од државјанството во БиХ, од апликантите не се бара да ги наведат причините зошто го прават тоа, но во неформални дискусии тие најчесто го наведуваат правото на сопственост на недвижнини, полесно патување, придобивки од студирање во странство и генерално поголеми права во земјите каде живеат.