ЕУ- Правосудните реформи главен приоритет на Албанија
Амбасадорот на ЕУ во Тирана, Луиџи Сореца, го поздрави изборот на Олсиан Чела за генерален државен јавен обвинител и изборот на членовите на Високиот судски совет (КЕД).
Тој на Твитер наведува дека спроведувањето на реформите во правосудството останува главен приоритет на Албанија на нејзиниот пат кон интеграцијата во ЕУ.
Вчера Парламентот го избра Чала за генерален државен обвинител, со 101 глас „за“.
Во меѓувреме формиран е и Високиот судски совет(КЕД) кој брои девет члена, а за прв човек на институцијата е избран Ардиан Дворани, судија од Врховниот суд.