Одложена е депортацијата на босанските државјани од Сирија
Планираната депортација на босанските државјани од Сирија за викендов ќе биде одложена поради „ненадејни и непредвидени околности во Сирија“, соопшти Министерството за безбедност на БиХ.
„Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина ги направи сите подготовки за прием на босанските државјани повратници од Сирија, односно првата група на жени и деца, во согласност со претходните заклучоци на Претседателството на БиХ и на Советот на министри на БиХ“, се вели во соопштението од министерството.
Министерството за безбедност на БиХ исто така соопшти дека е во постојан контакт и дека продолжува да соработува со меѓународните партнери со цел да ги транспортира од Сирија босанските државјани кога за тоа ќе бидат создадени услови.
Во камповите и затворите има повеќе од сто босански државјани со околку 60 деца, половината од нив родени во Сирија.