Тројца мртви во напад врз воена база на Флорида
Три лица загинале, а најмалку седум други се повредени во напад што се случил во поморската воздушна база во Пенсаколa, Флорида, соопштија властите.
Шерифот на округот Ескамбија соопшти дека денеска се случила ситуација со „активен стрелец“, а неколку минути откако вооружениот бил забележан, бил и убиен. Портпаролот на Белата куќа изјави дека претседателот Доналд Трамп бил информиран за нападот и дека будно ја следи ситуацијата.
Ова е втор смртоносен напад врз американската воена единица во последните седум дена. Пред два дена пак, морнар застрела тројца цивили во историската база Перл Харбор на Хаваи, а потоа се самоуби.