Пратениците го одбија барањето за апанажа на Јанева
Членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата едногласно го одбија барањето за апанажа на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, осомничена во случајот „Рекет“. На попладневното продолжение на седницата беше констатирано дека, од формално правен аспект, не постојат причини за прифаќање на барањето бидејќи таа не е избрана од Собранието. Членовите на комисијата се согласија дека барањето на Јанева за апанажа е дрскост, додавајќи дека треба сепак да се почитува правото на пресумпција на невиност.