Максим Ацевски предложен за главен државен ревизор
Собраниската Комисија за избори и именувања го предложи економистот Максим Ацевски за главен државен ревизор.
Претседателот на Комисијата, Илија Димовски рече дека едногласно одлучиле на Собранието да му предложат економистот од Велес, Ацевски да биде избран за главен државен ревизор.
Димовски нагласи дека нема сомнеж дека сите 12 кандидати би биле добар избор, но сепак членовите постигнале согласност за Ацевски.
Истакна дека е потребно да се комплетира оваа институција пред изборите, со цел да може да си ги врши своите законски и уставни надлежности.
Ацевски е дипломиран економист од Велес, кој работи во Државниот завод за ревизија од 2001.Кон крајот на 2017 година истече мандатот на претседателката на Заводот за ревизија, Тања Таневска , а потоа со ДЗР раководеше заменикот на главниот државен ревизор, Насер Адеми, но неговиот мандат истече на 4 октомври, без да биде назначен овластен потписник. Функционирањето на институцијата беше доведено во прашање.