Во Хаг сослушување на Кадри Весели
Претседателот на косовската Демократска партија, Кадри Весели, треба да биде сослушан денеска во Хашкиот специјален суд. Овој суд е формиран во 2015 година за да ги идентификува и гони поранешни членови на ОВК кои извршиле злосторства врз Срби и други неалбанци. Не е познато дали Весели бил повикан како сведок или осомничен на рочиштето, пишува приштинскиот весник Зери. Весели првично требаше да се појави во Специјалниот суд на 4 декември, но неговото рочиште беше одложено за денеска. Весели беше член на ОВК и раководител на косовската разузнавачка служба.