Потврдена затворска казна за двајца руски активисти
Рускиот аплеционен суд ја потврди пресудата на двајцата активисти кои беа осудени на долги затворски казни за организирање на протести во 2017 година. „Амнести Интернешнал“ одлуката ја нарече „фарсична“.
Одлуката на судот во Москва да ја прифати „очигледно неправедната“ пресуда на Јан Сидоров и Владислав Мордасов е „обвинение на рускиот правосуден сустем“, изјави денеска директорката на „Амнести Интернешнал Русија“ Наталија Звиагина.
На 4 октомври Сидоров и Мордасов беа обвинети во првостепена постапка за „обид за организирање на масовни нарушувања“ и беа осудени на пет ипол години и шест години и седум месеци затвор за организирање на протестите во јужниот град Ростов-на-Дон.
Сидоров и Мордасов имаа 18 и 21 година, кога беа приведени во ноември 2017 година.