Мицотакис и Вучиќ - Да се задржи отворен европскиот пат за Западен Балкан
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и претседателот на Србија Александар Вучиќ разговарале за продлабочување на билатералната соработка, европската перспектива на Србија и на земјите од Западен Балкан, српската иницијатива да згрижи деца бегалци што се наоѓаат во Грција, за железничката линија во регионот, но и фудбалскиот натпревар Олимпијакос – Црвена ѕвезда,. Тие потпишаа и заедничка Декларација за формирање стратешки партнерски однос меѓу Грција и Србија.
Се согласивме за потребата да се задржи отворен европскиот пат на земјите од Западен Балкан, а од моја страна имав можност да ги презентирам грчките иницијативи во пресрет на новите случувања, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис по средбата
За денешниот натпревар меѓу Олимпијакос и Црвена ѕвезда во Лигата на шампиони што се игра во Атина, грчкиот премиер рече дека тоа била единствената тема за која имало различни ставови.
По средбата меѓу грчкиот премиер и српскиот претседател, се одржа иседницата на третиот Висок совет за соработка меѓу Грција и Србија на кој присуствуваа министри од владите на двете земји.