Американските пратеници дискутираат за санкции проитив руската агресија
Американскиот Сенат треба да расправа по нацрт законот за санкции кон Русија за наводното мешање во демократските процеси во странство, како и за активностите во Сирија и за агресијата против Украина. Нацрт законот денеска треба да се разгледува во Комисијата за надворешни работи на Сенатот.
Ако Комисијата го одобри нацрт-законот, познат како Закон за американска одбрана од руска агресија, потоа тој оди на гласање во Претставничкиот дом и Сенатот. А за да стане закон треба да го потпише претседателот Доналд Трамп, но тоа не се очекува да се случи до следната година.
Предлог законот е насочен кон рускиот јавен долг, кон руските банки кои ги подржуваат напорите на Кремљ да ги „поткопаат демократски институции во други земји“, потоа опфаќа лица од нафтената и од компјутерскате индустрија, како и блиски соработници на рускиот претседател Владимир Путин.
Некои аналитичари велат дека ефектите од новиот предлог закон би можеле да бидат ограничени со чекорите што Русија ги презеде за да ја изолира својата економија од потенцијалната закана од санкции.