Хрватска сомничи државјани на Македонија и Хрватска за криумчарење мигранти
Хрватската канцеларија за спречување корупција и организиран криминал (Ускок) почна истрага против седум државјани на Северна Македонија и двајца државјани на Хрватска под сомнение дека организирале нелегално преминување на 166 странски државјани преку хрватската граница со БиХ и со Словенија.
Хрватските власти се сомневаат дека групата организирала 19 нелегални преминувања преку државната граница од БиХ кон Хрватска, како и од Хрватска во Словенија и дека за тоа земале пари.
Илегалното пренесување на мигрантите групата го договарала помеѓу крајот на април и 15 октомври.