ОБСЕ со поддршка за регистарот на онлајн медиуми
„Медиумската саморегулација е корисен механизам и придонесува кон поквалитетно информирање, заштита на уредничката слобода и јакнење на медиумскиот кредибилитет“, изјави Дезир.
Оваа иницијатива ја унапредува саморегулацијата на онлајн медиумите преку барањата тие транспарентно да ги објавуваат изворите на финансирање, да се придржуваат до Кодексот на новинарите и да ги објавуваат одлуките на Советот за етика во медиумите, вели тој.
Регистарот на професионални онлајн медиуми има вкупно 67 членки.