Новиот британски Парламент ќе дебатира за Брегзит
Новоизбраниот британски парламент денеска ќе ја започне дебатата која треба да заврши со одобрување на договорот за излез на Британија од Европската унија. Конечното гласање се очекува на почетокот на следниот месец кога пратениците ќе се вратат на работа по паузата за божиќните празници. Исходот од гласањето ќе му помогне на премиерот Борис Џонсон да го исполни своето ветување со кое победи на изборите, земјата да излезе од Унијата на 31 јануари. Потоа на Лондон и на Брисел ќе им остане да се договорот за трговските врски, но за тоа имаат рок до крај на 2020.
Конзервативците на британскиот премиер Борис Џонсон освоија големо мнозинство на изборите минатата недела и не се очекува да се соочат со проблеми при ратификување на документот.