Иран одби да ослободи иранско-британска хуманитарна работничка
Иран го одби барањето на адвокатот на иранско-британската жена - хуманитарна работничка осудена по обвиненија за шпионажа во Иран, таа да биде ослободена по издржување на половина од нејзината казна, соопшти денеска иранската државна новинска агенција ИРНА.
Назанин Захари – Ретклиф беше уапсена во април 2016 година и во септември истата година осудена на петгодишна казна затвор, во случај кој беше меѓународно осуден.
Во извештајот на ИРНА е цитиран нејзиниот адвокат Махмуд Бехзади Рад како вели дека поднел барање за, како што се нарекува во иранското правосудство, „условно ослободување“ – кога осуденик ќе издржи половина од неговата казна може да аплицира за такво ослободување и судовите имаат моќ тоа да го одобрат за „добро однесување.“
„Според законот таа има право да поднесе барање за условно ослободување“, вели адвокатот.
Во извештајот на ИРНА не е наведено зошто барањето било одбиено.
Захари – Ретклиф во јуни започна 15-дневен штрајк со глад, за да го сврти вниманието на нејзините маки. Во јули таа беше префрлена во одделот за ментално здравје во болницата Имам Хомеини под контрола на Иранската револуционерна гарда.
Во соопштение на иницијативата „Слобода за Назанин“ тогаш беше наведено дека не е познато каков тртман добиваа таа или колку време ќе помине во болницата.
Амнести Интернешнал со седиште во Велика Британија водеше кампања за нејзино ослободување, нарекувајќи ја Захарија – Ратклиф како „затвоеник на совеста.“