Авганистанската изборна комисија го потврди вториот мандат за Гани
Авганистански изборни претставници објавија дека авганистанскиот претседател Ашраф Гани доби втор мандат, освојувајќи 50.6 проценти од прелиминарното пребројување на гласовите.
Хава Алам Нуристани – претседателка на Независната изборна комисија, резултатите ги соопшти на денешна прес-конференција во Кабул.
Резултатите од претседателские избори одржани на 28 септември повеќе пати беа одложувани, поради обвинувања за лошо работење и технички проблеми со броењето на гласачките ливчиња.
Главниот предизвикувач на Гани, Абдула Абдула освои 39.5 отсто од гласовите, изјави Нуристани, додавајќи дека резултатите се уште можат да бидат оспорени.
Абдула претходно во декември се согласи да дозволи пребројување на гласачките ливчиња во провинциите каде неговите приврзаници го прекинаа процесот пред повеќе од еден месец.
Официјалните изборни претставници во Авганистан се обидоа да започнат со пребројување на гласовите во ноември, но Абдула го стопираше обидот велејќи оти нема да дозволи да учествуваат неговите набљудувачи.