Совет за безбедност- еколошките здруженија со четири барања
Пред да влезат на средбата тие рекоа дека имаат четири конкретни барања- забрана за увоз на отпад, преразгледување на сите елаборати за хидроцентрали во заштитени подрачја, полициска поддршка на испекциските контроли за животна средина и контрола на дивоградби.
Инаку ова е втор дел на денешната седница на Советот за безбедност. Во првиот дел беа разгледани тековните прашања поврзани со безбедноста и одбраната на Републиката. На седницата, покрај членовите на советот, присуствуваа и Виктор Димовски, директор на Агенцијата за национална безбедност, Еролд Муслиу, директор на Агенција за разузнавање, Зоран Ангеловски, директор на Оперативно-техничката агенција и генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, началник на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија.