Тачи повеќе е подготвен за разговор со СДСМ отколку со ВМРО ДПМНЕ
Претседателот на Демократската партија на Албанците Мендух Тачи изјави дека повеќе е подготвен за разговор со СДСМ отколку со ВМРО ДПМНЕ.
Неговата партија денеска во Тетово го завршува партиското организирање пред да почне кампања за изборите.
"Неговата заслуга за ова што го деблокиравме интеграцискиот процес води кон спремноста ние да разговараме и понатаму со СДС. Што се однесува до ВМРО-ДПМНЕ, мислам дека им претстои многу голема битка со внатрешниот катарзис. Многу бргу, ќе кажам во јавноста какви посредници меѓународни и околу нас праќа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за да имаме
некаков контакт", рече Тачи.