Лага е дека Спасовски има поврзаност со компанијата Пин Петрол
Министерството за внатрешни работи демантира дека е потпишан договор за услуги за технички преглед на моторни возила во Куманово со фирмата Пин Петрол.
Од таму наведуваат дека во тек е постапка за јавна набавка, но договор не е склучен.
" Ниту министерот Спасовски ниту член на неговото семејство нема удел во било која компанија ниту во државата ниту надвор од државата. По серијата лаги пласирани од оваа партија, во август оваа година министерот Спасовски поднесе барање до Антикорупциската комисија и јавно ја повика да се испита целиот случај. Фактите се јасни, а тие говорат дека ВМРО-ДПМНЕ свесно лаже и ја манипулира јавноста",се вели во соопштението на МВР
Претходно на прес конференцијата на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека „ПИН ПЕТРОЛ, фирмата која отворила бензинска, добила тендер за технички преглед на моторни возила. Тој посочи дека ПИН ПЕТРОЛ е сопственост на таткото на доскорешниот советник на Оливер Спасовски, Никица Петрушевски.
" Бизнисот на фамилијата Петрушевски со Спасовски на чело на МВР рапидно расте.“ изјави Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ
Со соопштение реагираше и СДСМ.
"Согласно законските прописи секое правно лице кое што ги исполнува условите, има право да аплицира за добивање на овластување за станица за технички преглед и доколку ги исполнува условите добива дозвола за работа.Како и уште 12 000 вработени во МВР ,така и лицето Никица Петрушевски е вработен во истата институција, а е уште една лага дека е дел од кабинетот на министерот и имал некакво влијание" велат од СДСМ.