Филипче: Лага е дека над 400 лекари се иселиле од земјава
Министерот за здравство Венко Филипче денеска демантираше дека над 400 млади лекари ја напуштиле земјава, откако Асоцијацијата на млади лекари и специјализанти излезе со тоа тврдење пред неколку дена.
"Откако излезе таа информација во јавност ние ги проверивме податоците и бројките. Не знам дали станува збор за лажна информација или некој сакал да ја спинува информацијата, но во Лекарската комора издадени се само околу 160 потврди за заминување во странство" изјави Филипче.
Toj вели дека тоа е за 20 потврди помалку од минатата година. Филипче дополлни дека потврдите за заминување им требааат на сите млади или лекари со искуство кои треба да одат да работат макар и привремено, заради тоа што без таа потврда не можат да ги нострифицираат документите во било која држава.