Пендаровски и Џафери разговарале за преодната влада и изборите
„Претседателот на државата Пендаровски и претседателот на Собранието, Џафери, се согласија дека во годината кога очекуваме заокружување на полноправното членство во НАТО и одредување датум за почеток на пристапните преговори со Европската Унија, потврда за демократскиот капацитет на Северна Македонија треба да биде спроведувањето на предвремените парламентарни избори во април 2020 година во фер и демократска атмосфера“, стои во соопштението од кабинетот на шефот на државата Пендаровски.
Техничката влада треба да се избере на трети јануари и да ги организира изборите договорени за напролет.