Русија побара состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации за Либија, бидејќи Турција започна со распоредување војници во земјата за да ја поддржи владата во Триполи која е признаена од ОН. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека испратил воени сили во Либија со задача да координира развој наоперативен центар. Либиската влада е под сериозен притисок од април кога самоименуваната Либиска национална армија, предводена од генералот Калифа Хафтар, започна офанзива против Влада на национална спогодба. Турција, која е членка на НАТО, ја поддржува владата во Триполи. Во меѓувреме, единици на руски приватни воени изведувачи, наводно, работат на зајакнување на Хафтар, активности што Москва ги негираше. Египет и Обединетите Арапски Емирати исто така го поддржуваат воениот лидер.