Канадски истражители ќе го посетат местото на уривање на украинскиот авион
Министерот за транспорт на Канада Марк Гарно вчера рече дека на нивните истражители се уште не им е дозволен пристап до снимачите од кабината на украинскиот авион кој на 8 јануари беше урнат од иранска ракета веднаш по полетување од Техеран кон Киев. Иран на тимот канадски истражители им издал виза.
Повеќето од жртвите во трагедијата беа Иранци и Канаѓани, а помал дел Украинци, Авганистанци, Британци, Швеѓани и Германци. Гарно рече дека тој и министрите за надворешни работи од Украина, Шведска, Авганистан и Британија ќе се сретнат денеска за да направат притисок за целосна соработка со иранските власти.