Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Во Берлин обид Либија да не стане новата Сирија

Во Берлин денеска се одржува конференција посветена на ставање на крај на конфликтот во Либија. Претставници на повеќе од 10 земји, вклучително и Турција, Соединетите Американски Држави и Русија, се обидуваат да спречат нов бран на беглаци, сличен на оној од Сирија.


На конференцијата чиј домаќин е германската канцеларка Ангела Меркел, ќе присуствуваат претставници и на Кина, Велика Британија, Италија, Франција, Египет, Алжир и Обединетите Арапски Емирати, а ќе има претставници и од Обединетите нации, Европската унија и Арапската лига.


Американскиот државен секретар Мајк Помпео, рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Борис Џонсон веќе пристигнаа или потврдија дека ќе присуствуваат на конференцијата. Се очекува на неа да учествуваат и лидерите на двете завојувани фракции во Либија.


Американски службеник што патувал со Помпео, им изјави на новинарите во Берлин дека конфликтот во Либија сè повеќе заличува на тој во Сирија, каде загинаа стотици илјади луѓе во повеќегодишната граѓанска војна, а милиони се раселија предизвикувајќи бегалска криза во Европа.


Се очекува на конференцијата ривалските страни во Либија да бидат принудени на примирје. Либија е зафатена од насилства по падот на Моамер Гадафи кој беше соборен од власт и убиен во 2011 година. Земјата сега има две влади, едната поддржана од Обединетите нации и се наоѓа во Триполи, а другата е владата на Либиската национална армија предводена од либискиот генерал Калифа Хафтар.


Турција ја поддржува владата што има поддршка и од ОН, а на почетокот на месецот, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган испрати и војска во Либија за да обезбеди стабилноста на владата.


Владата на Хафтар пак има поддршка од Обединетите Арапски Емирти, од Русија, Јордан и Египет.


Турција и Русија се критикувани од страна на ОН и од западните власти за нивните напори да ги вооружат своите сојузници што довело до засилување на насилството.


Путин негираше каква било директна воена вмешаност во либискиот конфликт.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *