Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Телата на 11 Украинци загинати во соборувањето на авионот во Иран вратени дома

Телата на 11 Украинци кои загинаа кога иранска ракета го собори украинскиот патнички авион кај Техеран денеска пристигнаа во Украина.


Авион на Украиниан ерлајнс на 8 јануари беше соборен непосредно по полетувањето од Техеран кон Киев, при што загинаа сите 176 луѓе што беа во него. Иран три дена подоцна призна дека авионот по грешка бил соборен од нивната противвоздушна одбрана.


До соборувањето дојде во ек на големи тензии меѓу Иран и САД, а се случи неколку часа откако Иран со ракети гаѓаше американски воени бази во Ирак, како одмазда за американското убиство на иранскиот генерал Касем Сулејмани.


Телата на загинатите Украинци денеска беа донесени на аеродромот во Киев со украински воен авион. Почесна гарда ги пренесе ковчезите покриени со украински знамиња до терминалот на аеродромот, каде што ќе може да им се оддаде почит на загинатите. Се работи за деветмина членови на екипажот и двајца патници.


Украинскиот претседател Володимир Зеленски, премиерот Олексиј Гончарук и други високи претставници присуствуваа на церемонијата на аеродромот во Киев. Со солзи во очите и цвеќиња во рацете, на церемонијата на пистата присуствуваа и вработени во украинската авиокомпанија.


Украина и уште четири земји чии државјани загинаа во соборувањето на авионот бараат „темелна, независна и транспарентна“ истрага.


Иранскиот функционер кој ја води истрагата за соборувањето Хасан Резаифер денеска се повлече од ветувањето дека ќе ги испрати црните кутии од авионот во Украина.


Високи ирански претставници побараа да се казнат одговорните за соборувањето на авионот.


Министрите за надворешни работи на Авганистан, Велика Британија, Канада, Шведска и Украина објавија заедничко соопштение по средбата во Лондон на 17 јануари за да извршат притисок врз Иран за целосна истрага.


Најголем број од жртвите се ирански државјани или Иранци со двојно државјанство, многумина од нив студенти кои студираат во странство, а биле во посета на родната земја, или семејства кои се враќале дома откако посетиле роднини во Иран.


Соборувањето на авионот предизвика протести во Иран, каде што граѓаните бараат казни за одговорните. Ајатолахот Али Хамнети повика на национално единство и застана во одбрана на вооружените сили во проповед во џамијата Мосала во Техеран на 17 јануари.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *