Иранските власти потврдија дека украинскиот авион бил погоден од две ракети
Во вториот прелиминарен извештај за несреќата во која загинаа сите 176 луѓе кои беа во авионот, се наведува дека се уште се истражува инцидентот. Истражителите откриле дека две Тор-М1 ракети го погодиле авионот, се наведува во извештајот. Иранските власти соопштија дека воздухопловната одбрана во тој период била со подигната готовност поради тензиите во регионот и по грешка испукале две ракети кон авионот.
Во извештајот пишува и дека Техеран побарал опрема од Соединетите Американски Држави и од Франција за симнување на податоците од црните кутии но дека се уште не добиле позитивен одговор.