Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Ново полугодие со стари проблеми

По тринеделен зимски распуст, учениците денеска се вратија во училишните клупи за второто полугодие од учебната 2019/2020 година. Наставата ќе продолжат да ја следат 270 000 средношколци и основци, меѓу кои околу 20 000 првачиња.


Наставниците продолжуваат да работат со повисоки плати од јануари за 10 отсто, согласно со постигнатиот договор помеѓу синдикатот (СОНК) и Министерството за образование и наука.


Меѓуотоа, средношколците здружени во Средношколскиот сојуз истанкуваат дека полугодието започнува со стари порблеми.


„Дел од професорскиот кадар е несоодветен и некомпетентен, многу често примаат мито или пак изнудуваат. Стручната служба е преоптоварена со административна работа и најчесто немаат контакт со учениците и не им обрнуваат доволно внимание“, изјави претседателот на сојузот, Бленди Ходаи.


Од сојузот реагираа на средношколските проблеми уште пред почетокот на учебната година, но работите остануваат исти.


„Средношколците се соочуваат со голем број проблеми, тоа го опфаќа проблемот со недостатокот на учебниците, кое веќе неколкупати го потенциравме. Недостатокот не е единствениот проблем со учебниците, тие се преполни со застарени и неточни информации. За дел од предметите не постои албански превод на учебниците, со што е отежнат образовниот процес на средношколците кои учат на Албански наставен јазик. Многу често сме принудени да купуваме дополнителна литература за часовите.






Освен ова во училиштата има недостаток на материјали за работа на часовите што опфаќа компјутери или помагала за ИКТ настава, географски карти, глобуси, математички прибор за цртање (линијари, шестари, агломери) спортска опрема во салите за спорт (топки, јажиња, душеци, јарци, голови, кошеви, рипстоли), помагала за работа на часот по хемија (лабараториски пробор: епрувети, чаши, чукчиња, пипети), помагала за часот по биологија (делови од телото, скелети) и аудио плеери“, потсетува Ходаи.


Тој информираше дека во петокот одржале средба со министерот Арбер Адеми за овие проблеми.


„Беше многу ниска и деконструктивна средба од страна на МОН поради тоа што тие се надеват дека учениците немат вакви проблеми. Министерот ветува дека до февруари секој ученик ќе има учебници и ќе немаме проблем со недостатокот на учебници“, рече Ходаи.


Министерот Адеми пак, по средбата, на социјалните мрежи накратко објави дека „МОН ќе ги поддржува и секогаш ќе биде отворен за сите ученици“.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *