Триесетина стари предмети затекнати во кабинетот на екс претседателот на Врховниот суд
„На Кривичен одел, а потоа и на Кривичен совет донесовме одлука сите предмети да бидат пререферирани и така се случи. Дадов наредба, со оглед дека се работеше за постари предмети, да се стопира реферирањето на новите предмети од 2019 година и да се завршат сите предмети од 2018 година и постари. До денеска сите такви предмети беа пререферирани, донесени одлуки и 98 отсто од нив се изработени и експедирани“, вели Арслани.
Судскиот совет лани во септември го разреши Вангеловски од позицијата претседател на Врховниот суд.