Авганистанските безбедносни сили се судрија со талибанските борци во централната провинција Газни каде што вчера се урна американски воен авион, соопштија и безбедносните власти и милитантната група. До судирите дошло кога авганистанските безбедносни сили се обидувале да дојдат до местото каде што падна авионот. Американската војска соопшти дека бомбардер Е-11А се урна во провинцијата Газни, но не соопшти колку луѓе имало во него. Авганистанските безбедносни сили доцна вчера заминаа во областа во која има големо присуство на Талибанци и според локалниот шеф на полицијата дошло до судир со нив.
Мистерија за урнатиот авион во Авганистан
Авионот се урна вчера, а во првите часови по падот имаше различни информации дали се работи за патнички или воен авион.