Филипче- 90 отсто од заболените во Скопје се од 41 кластер
Инаку во последното деноноќие се направени 702 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19 и тоа во Скопје-67, Куманово-1, Дебар-1, Штип-33, Тетово-10, Струга-5, Охрид-6, Кочани-2, Пробиштип-2. Три лица починаа, а регистрирни се 7 оздравени пациенти.
127 нови случаи на Ковид-19 и тројца починати
Филипче вели дека огромен процент од новите заболени, рече министерот, се со лесна клиничка слика или асимптоматски.
„Овој пик е резултат на непочитувањето на мерките. Анализата во текот на последните седум дена покажа дека успеавме жариштата да ги задржиме во рамките на територијалните целини, односно дека нема значајно ширење надвор од нив. Една од дилемите која се појави е ширењето во другите општини во Скопје надвор од првичните кризни – Чаир, Сарај, Гази Баба и Бутел и тоа е очекувано, затоа што Скопје функционира како една целина и голем дел од овие нови случаи во други општини се исто така се резултат на семејни собири од истиот период, додаде Филипче.
Од подрачјето на Скопје најмногу од новоткриените се од Чаир, 16, по што следат Центар со 12, Кисела Вода со шест и Карпош и Шуто Оризари со по пет новозаразени.
Нов полициски час или враќање во нормала?
Евентуална рестрикција на движењето ќе се разгледува утре на владина седница, најави министерот Филипче.