Брнабиќ предлага задолжително носење маски во затворен простор во цела Србија
Таа истакна дека во изминатите четири дена се намалил бројот на новозаболени лица со ковид-19, додавајќи оти тоа е резултат на носењето заштитни маски во градовите, каде е прогласена вонредна состојба.
Брнабиќ наведе и дека во изминатите 24 часа во Србија се хоспитализирани 159 луѓе позитивни на новиот коронавирус.
Во Србија досега со Ковид-19 се инфицирале 18.639луѓе, од кои 405 починаа, а оздравеле 13.940 луѓе.