Филипче: Досега нема проблеми на денешното гласање
Гласаат позитивните на ковид-19 и луѓе во изолација
На ниво на цела држава денеска право на глас имаат 706 лица болни од Ковид-19 и во самоизолација, додека утре предвидено е да гласаат болните и немоќните чиј број изнесува 8.852, лицата во 13 Казнено-поправни установи и тоа 1.657 и шест внатрешнораселени лица. Во 17 старски домови правото на глас ќе можат да го остварат 357 гласачи.