Премиерот на Федерацијата БиХ Фадил Новалиќ хоспитализиран поради коронавирусот
Претходно беше потврдено дека Новалиќ бил позитивен на коронавирусот и поради воспаление на белите дробови му е потребен клинички третман. Новалиќ денеска качил температура и почувствувал општа слабост.
Денеска е потврдено дека позитивен на коронавирус е и премиерот на Република Српска Радован Вишковиќ.