Осум починати и 241 новозаразени од коронавирусот
Најголем број од новите случаи се во главниот град Скопје каде 73 лица се позитивни на коронавирусот, па потоа следуваат Штип со 60, Тетово 32, Гостивар 14, Куманово 10, Кочани 8, Гевгелија 6, Свети Николе 5, Прилеп 5...
Од починатите пациенти, по двајца се од Скопје, Тетово и Струга, еден пациент од Гостивар и еден од Струмица. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 51 оздравено лице.
Досега во земјата се направени вкупно 84.916 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 9.026, бројката на оздравени пациенти е 4.727, на починати е 414, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.885.