Се шират лажни покани од МВР до граѓани за истрага
Од МВР апелираат до граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами.
МВР: Повторно злоупотребено името на државната секретарка
„Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР презема мерки и активности за законско санкционирање на сторителот. Ги известуваме граѓаните дека Министерството за внатрешни работи не користи електронска пошта за испраќање на покани до граѓани во врска со спроведување на истраги, туку тие покани се испраќаат во хартиена форма, со соодветна процедура. Апелираме до граѓаните воопшто да не ги отворат овие електронски пораки, стои во соопштението од МВР.