Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Вучиќ - Очекувам изненадувања во Вашингтон

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија ја добила официјалната агенда за претстојните преговори меѓу Србија и Косово на 4 септември во Вашингтон и дека во неа е само една точка „која е неприфатлива.“


Претседателот на Србија не прецизираше за која точка станува збор, но оцени дека очекува изненадувања и тешки преговори.


„Единствена тема на меѓународната заедница кога станува збор за Косово, без разлика кои се агендите, е признавањето на Косово. Суштината е дека Авдулах Хоти и албанските претставници зборуваат дека одат по признавање во САД. Имаше и неофицијално изјави на лидери во регионот дека ќе морам да потпишам сѐ што ќе се во Вашингтон. Со внимание го слушав тоа. Очекувам изненадувања, не се двоумам тоа да го кажам, а ќе ѝ се извинам на американската администрација ако нема изненадувања“, вели Вучиќ.


Состанокот меѓу Вучиќ и Хоти го најави Ричард Гренел - известувачот на американскиот претседател за дијалогот меѓу Косово и Србија. Состанокот првично беше најавен за 2 септември, но потоа од организациски причини беше одложен за 4 септември.


Претстојниот дијалог во Вашингтон е тема и во Приштина. Во понеделникот на 24 август за дијалогот беше разговарано на состанок меѓу лидерите на владејачката коалиција на Косово.


Премиерот на Косово Авдулах Хоти од редовите на Демоктатскиот сојуз на Косово (ДСК) се состана со лидерите на коалициониот партнер од Алијансата за иднина на Рамуш Харадинај и Социјалдемократската иницијатива (НИСМА) на Фатмир Лимај.


По состанокот Лимај рече дека Косово е подготвено да учествува во дијалогот со Србија со јасни цели, додавајќи дека нема да се водат разговори на техничко ниво, туку дека ќе бара меѓусебно признавање на двете земји.      

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *