Заев - Во арпил 2021 ќе има попис
„Да се растовариме од оваа работа“, изјави денеска премиерот на настан во ТИРЗ Скопје 2 во Бунарџик, каде што изврши увид на изведувањето на градежни активности.
Животот низ бројки од независноста до денес
Заев вели дека пописот треба да се спроведе токму поради рамномерниот развој, економските параметри и статистиките кои што и се потребни на државата. Премиерот ги повика граѓаните да ги пополнат анкетните листови, за кои вели дека сега ќе бидат помали во обем, заради тоа што електронски веќе голем дел од податоците се собрани во Заводот за статистика.