Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Амбасадорката на САД во посета на дебарски компании и верски заедници

Амбасадорката на САД Кејт Брнс денеска го посети Дебар и притоа имаше средба со претставници на локалната власт, посети компании кои функционираат во градот а се сопственост на дебарски иселеници во САД, а во придружба на претставници на верските заедници ги посети и новата џамија во Дебар, како и манастирот „Свети Ѓорѓи Победоносец“ во село Рајчица.


На средбата на амбасадорката на САД со градоначалникот на Дебар Хекуран Дука е разговарано за животот на дебарчани и состојбата на компаниите во услови на Ковид 19, како и за значењето на дебарските иселеници во САД во однос на инвестиции во својот роден крај. Како што информира градоначалникот Дука, на средбата е нагласено дека економската поддршка на иселениците за Дебар е огромна. Во САД живеат голем број иселеници од Дебар, така што поврзаноста со Америка за Дебар е посебна.


„Веруваме дека подршката од САД во однос на реформите кои ги реализира владата ќе продолжат, бидејќи таквите реформи се битни во борбата против корпуцијата во нашава земја“, нагласи Дука и додаде дека општините треба да имаат целосна децентрализација бидејќи тоа е битно и за нивниот побрз развој. Дука на средбата со американската амбасадорка рече дека побарал продолжување на поддршката на проектите на САД за општината Дебар.


„САД имаат голем број проекти во повеќе сфери, така што очекуваме овие проекти да продолжат“, нагласи дебарскиот градоначалник.


Амбасадорката Брнс потоа ја посети компанијата „Слајс Македонија“ на дебарскиот иселеник во САД Илир Села, каде се вработени над 200 лица и има уште други 200 вработени во Охрид и Скопје, како и компанијата „Кораби Редимис“ на иселеникот Ибраим Колари која има значајно место во сферата на градежништвото.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *